Некои луѓе едноставно не можат да пристигнат навреме, било за работа или за средба, а истражувачите сметаат дека имаат објаснување за овој феномен. Причината може да е во тоа што тие секогаш решаваат дека треба да завршат уште една работа пред да тргнат.
Добрите вести се дека експертите посочуваат и начини да им се помогне на “погодените”.
Хроничното задоцнување се поврзува со вид меморија, при која сеќавајќи се се отклучува од нешто што нè потсетува како на пример фактот дека морале за 9 часа да бидеме во канцеларијата.
Истражувачите дошле до заклучок дека некои луѓе се подобри во проценката за времето од други. Постојат начини моделот на доцнење да се наруши, вклучувајќи и да не подлегнуваат на искушението да завршиме уште една работа пред да излеземе.
Истражувањето, спроведено од истражувачи од Вашингтонскиот универзитет, ги споредува стратегиите за управување со времето меѓу помладите и постарите.
За целите на истражувањето учесниците добиваат задача поврзана со вид меморија што треба да исполнат за одредено време. Тие ја имаат и можноста да го проверат часовникот.
Задачата во експериментот е комплицирана, поради што учесниците се обземени од неа, исто како што губиме идеја за времето додека ги проверуваме новостите во социјалните мрежи пример. Излегува дека помладите почесто погледнуваат кон часовникот.
Основниот фактор пресуден за точноста е нашата способност да го оцениме времето. Според експертите, постојат три начини, со чија помош можеме да ја подобриме проценката за времето:
– Редовно да погледнуваме кон часовникот
– Да подготвиме стратегија за организирано извршување на задачите
– да му одолееме на искушението да направиме уште нешто, пред да излеземе