Њујоршкиот ресторан Eleven Madison Park беше прогласен за најдобар во светот на церемонија во Мелбурн, соопштија светските агенции.
Шеф на ресторанот е роден во Швајцарија Даниел Хaм. Ресторанот за прв пат го зазема водечкото место. Минатата година тој беше трет.
На второ и трето место се ресторани од минатата година – италијанскиот “Остерија Фраческана” во Модена, и шпанскиот “Ел Селер де Кан Рока”. “Остерија Фраческана” останува најдобар ресторан во Европа.
Најдобар готвач во светот е Французинот Доминик Ансел, кој исто така работи во Њујорк.

Рангирањето на “50-те најдобри” се подготвува за 15-та година од страна на Академијата на 50-те најдобри ресторани во светот, која се состои од 1000 влијателни кулинарски автори, критичари, мајстор-готвачи и ресторани.
Видете во нашата галерија дел од јадењата кои се служат во Eleven Madison Park.