Шведската полиција го уапси и вториот осомничен за вмешаност во Стокхолмскиот атентат

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Првиот уапсен е роден во Узбекистан 39-годишен маж, кој има 4 деца и е регистриран како  државјанин на Шведска, но не се знае од кога.

Полицијата во Шведска уапси уште еден човек под сомнение за учество во терористички напад во главниот град, пишува “Експрес”. Според изданието апсењето се случило во северните предградија на Стокхолм, по гонење со 10 патролни автомобили.

Локално.мк  потсетува дека порано Стокхолмската полиција потврди дека уапсила маж во врска со денешниот напад во шведската престолнина. Тоа се случи набргу откако шефот на полицијата Дан Елиасон,  ги демантираше информациите дека терористот, кои стои зад нападот бил уапсен.

Сеуште нема официјална информација за идентитетот на осомничените во нападот, како и наводната улога која тие ја  имале во нападот  во кој загинаа четири лица во петокот попладне. Според податоците на . “Афтонбладет” првиот приведен е роден во Узбекистан 39-годишен маж, кој има 4 деца и е регистриран државјанин на Шведска, но не се знае од кога. Според медиумот, профилот на мажот на социјалната мрежа “Фејсбук” прикажува дека е симпатизер на “Исламска држава”, бидејќи тој дели многу пропагандни клипови на терористичката група, како и слики на окрвавени  тела од атентатот во Бостон во 2013 година.

Инаку, четири лица загинаа, а 12 се повредени откако вчера напаѓачот со украден камион удрил во толпа луѓе пред стоковна куќа во прометна улица во центарот на Стокхолм, соопшти портпаролката на полицијата во градот.

Таа за новинската агенција Франс прес потврди  дека едно лице е уапсено во врска со напад.

 

Шведската полиција претходно прикажа слика на човек за кој рече дека е поврзан со нападот со камион во центарот на Стокхолм.