Пирс Броснан ја откри трагедијата во неговиот живот

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Актерот Пирс Броснан зборуваше отворено за последиците од загубата на својата прва сопруга од рак на јајниците во 1991 година, како и на ќерката Шарлот од истото заболување во 2013. Во интервју за Esquire тој раскажува како се променил неговиот живот по овие два трагични настани.

“Веќе не ја гледам на чашата како половина полна, туку половина празна. Темнината и меланхолијата често ме надјасуваат. Да гледаш како некој што го сакаш, си оди малку по малку од оваа подмолна болест – оваа тага остава перманентна трага врз психата. Таа е неизбришлива. Бев великодушната, силна и убава рака на својата прва сопруга, додека ракот на јајниците ѝ го одзеде нејзиниот живот толку бргу, толку рано. Ја држев раката и на нашата забавна и прекрасна ќерка Шарлот пред да умре од истото заболување “, раскажува тој во списанието.

“Единствено верата те тера да продолжиш, таа те крепи во четири часот наутро, кога срцето ти е една голема црна дупка, а на рамената ти е тежината на целиот свет”, вели Броснан.

Тој и неговата прва сопруга Касандра Харис беа заедно 11 години пред ракот да ја одземе од него во 1991-ва. Нивната ќерка Шарлот почина од истата болест на 42 години.