Целиот куп повеќебојни балони на топол воздух го исполнија небото меѓу Англија и Франција во обид да го подобри рекордот за најмногу топло-воздушни балони, го пресекуваат Ламанш.
Според податоците на “БиБиСи” тие биле над 85.
“Временските услови беа совршени. Требаше да имаме силен и постојан ветер кој доаѓа од Лондон и оди право на континентот”, рече Стив Мабит – еден од организаторите на шарениот лет.
Од “Светските рекорди” сè уште не дале потврда дали ентузијастите успеале да го побијат претходниот рекорд од 2011 година, кога 49 балони го поминале заедно Ламанш.