По повод сеќавањето на покојниот рапер Тупак во “Салата на славните на рокенролот” другиот петок њујоршки ресторан привремено ќе го промени ентериерот и менито за да го оствари сонот на покојниот музичар опишан во неговиот приватен дневник.
Имено неговата желба да има свој локал за јадење. За да се постигне ова во ресторанот “Суит Чик” во Менхетен привремено ќе се трансформира во “Пауамека” и ќе сервира некои од омилените јадења на раперот – макарони со сирење, ролат “Стефани”, помфрит со сирење и пилешки крилца.
Ќе биде променет и ентериерот, а во него ќе бидат вклучени некои од личните фотографии на Тупак, негова поезија и мемориум.
“Пауамека” ќе ги отвори своите врати оваа недела, 9 април. Тупак Шакур е една од највлијателните личности во 90-тите и икона во хип-хоп музиката. Тој умира на 25-годишна возраст, откако во 1996 година е застрелан од непознат маж. И до ден денешен убиецот останува непознат.