Нов земјотрес ја затресе Македонија

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Нов земјотрес беше почувствуван утринава во Македонија, 7.40 часот, според Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ во Скопје. Земјотресот беше почувствуван во јужна Македонија, а во некои градови, според извештаи, некои луѓе излегувале од зградите.

Како што се дознава од веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот со магнитуда од 3,9 степени се случил во 7.40 часот по македонско време на 109 километри од Скопје, 42 километри југозападно од Демир Капија и 9 километри северно од Промахој, Грција, односно на самата македонско-грчка граница. Земјотресот бил на 5 километри длабочина.

Петнаесет минути претходно, имало земјотрес и во Егејско Море, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Вчера пак земјотрес северно од Тирана беше силно почувствуван во западна Македонија./МЕТА