Шетаат по нив! Пласман на најдобрите луди улици во светот (Слики)

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Трговска улица низ која по неколку пати на ден поминува воз, улица по која се движат специјални кошеви-автомобили и што ли уште не. Списание Travel + Leisure прави рангирање на најдобрите луди улици во светот. Погледнете некои од нив: Angel Place, Сиднеј Емоционален и неочекуван хор на чврчорење птици е знак дека сте на Angel Place – мала улица во централната бизнис-област на Сиднеј. Тука има 120 празни кафези кои висат над глава. Оваа уметност е создадена од Мајкл Томас Хил во 2009 година, за да го привлече вниманието кон тоа како развојот на градот ја уништува дивината. Инсталацијата станува толку популарна што решаваат да ја остават трајно. Слушајте внимателно, бидејќи јачината на звукот се менува во текот на целиот ден.

Caminho do Comboio Road, Мадеира, Португалија

 

Оваа улица го импресионира исклучително многу Ернест Хемингвеј, кој беше во посета со сопругата во Мадеира во 1954 година Реално таа не е променета оттогаш – сеуште нема тротоари, а најпопуларните, макар и туристички, транспортни средства остануваат кошници од плетен тобоган кои се движат од луѓе. Тие се облечени во стара традиционачна облека со бели памучни алишта и сламени шапки.

Ebenezer Place, Уик, Шкотска

Ebenezer Place е помала дури од кошаркарско игралиште. На врвот се наоѓа  триаголен блок и е изградена во 1883 година од страна на Александар Синклер. Официјално призната е од Книгата на рекорди за најмалата улица во светот. Ако не внимаваме, може да ја пропуштиме.

Maeklong Market Railway, Тајланд

Тоа е пазар. Тоа е железничката пруга. Таа е улица. Maeklong е навистина сето тоа. Во еден момент тезгите се прометните со локалните жители, кои нудат намирници – од овошје и зеленчук до жаби и јагула. Во следниот момент возот дава сигнал во далечината, а продавачите ги повлекуваат тезгите. Возот поминува покрај толпата и само после неколку секунди бучавата и вревата на пазарот се враќаат.

9 de Julio Avenue, Буенос Аирес

Изградбата на најшироката улица во светот започна во 1930 година и трае речиси 50 години, за да биде завршен. Тоа е модел на Шанз-Елиза, но два пати поголема. Тука може да видите многу од најзначајните атракции на Буенос Аирес, вклучувајќи го обелиск, статуата на Дон Кихот и Teatro Colon.

Norderstraße, Фленсбург, Германија

Има нешто злобно во тоа да одите по улица, а чевлите да висат над вас. И сепак тие станаа толку популарни во северногерманскиот град, кои дури имаат специјално име: чевли графити (или едноставно shoefiti). Некои сметаат дека во почетокот тие се ставени како уметност проект. Според друга теорија е знак од дилери на дрога кои покажуваат на луѓето каде можат да купуваат или продаваат дрога. Независно од првичната цел, оваа улица се претворила во неофицијално обележје на Фленсбург и ги инспирира туристи да ги оставаат чевлите по себе.

Baldwin Street, Дaнидин, Нов Зеланд

 

“Ура! Можам да го правам тоа по цел ден”, извикува една жена во видео на YouTube, спуст по најстрмните улица во светот, која се протега приближно по должината на фудбалско игралиште. Тука најдобрите сопирачки се задолжителни. Ако живеете во една од 34-те куќи тука, треба да имате и силни нозе, за да искачување на улицата.

Spreuerhofstraße, Ројтлинген, Германија

Дури и ако останавте на  искушението и не сте претерале со Баварското пиво, можеби ќе ви биде тешко да поминете мирно во  најтесната улица во светот. Таа е 30 см, а во најширока – 50 см.  Улицата е изградена во 1727 година, како дел од напорите за обновување по голем пожар. Чудно како составувачите сметале дека луѓето ќе поминуваат?

Hosier Lane, Мелбурн

Меѓу многуте градови, во кои уличнотата уметност цветаше, Мелбурн е широко признат со Hosier Lane – простор кој ги привлекува домашните и меѓународни уметници. Од карикатури до постери и портрети, единственото нешто што никогаш не се менува, е дека таа продолжува да се развива.

Rue Canusa, Канада

Замислете дека пречекорувате улица и се наоѓате во друга држава. Таков е случајот на Rue Canusa во Квебек или Вермонт. Меѓународната граница е одбележана само со жолта линија која минува низ градот Дерби. Ако живеете на Rue Canusa, можно е вашата кујна да е во едната страна, а трпезаријата – во друга. Со оглед на локацијата, во градот има две пошти. Извори, како Canadian Geographic, велат дека има копнени сензори и скриени камери кои ја сигнализираат граничната патрола.