Како да се насладиме на сексот и кога сме уморни

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Токму како што секогаш има место за десерт, дури и да сме прејадени, никогаш не сме премногу уморни за секс. За него се наоѓа желба, дури и секој мускул во нашето тело да одбива да се движи.

Во реалноста, сексот може да не релаксира по напорниот ден, па сосема вреди да вложиме напори, ако се чувствуваме исцрпени или мрзеливи. Како можеме да уживаме во сексот, дури и да сме многу уморни?

Релаксирачка када

Уморните тела може да се смират кога ќе ги нурнеме заедно во топлата вода. Не треба да си штедиме закачки и игри. Релаксирачката топла вода и допирот на телата ќе доведат до соодветно продолжение.

Масажа

Друг идеален метод за смирување по напорниот ден е масажата. Откако ќе се опуштиме, може да продолжиме со малку поинаква масажа, која води до среќен завршеток.

Милување

Ако се прашуваме на кој начин да иницираме секс со уморниот партнер, може да почнеме да се милуваме во него. Во тоа време треба да ја галиме неговата коса и да ги бакнуваме рацете, вратот и задниот дел на ушите.

Ова треба да го правиме бавно, бидејќи целта ни е да се опуштиме, а не да се дојде до жесток секс.

Да ги избереме вистинските пози

Препорачливо е да се насочиме кон пози, кои не бараат премногу напор. Ако позата не е физички предизвикувачка, тежнееме во многу поголема мера да и ‘се насладиме.