Излегоа страшни детали за ужасот во Дункерк каде ноќеска се тепаа и запалија бегалци

од Vladimir Zorba
89 прегледи

10 лица настрадаа по судирите во миграцискиот камп во Франција Дункерк

Пожар уништи синоќа бегалски  камп крај францускиот град Дункерк по масовни немири и судири. За време на судирите беа повредени 10 лица, соопштуваат  локалните власти, цитирани од светските агенции.

Скандалот избувна меѓу Курди и Авганистанци, жители на кампот. Три лица се хоспитализирани со прободени  рани, информира Канал 3.

Еден од повредените мигранти бил турнат од автомобил на патот што минува до кампот и е во критична состојба. Морала да интервенира и службата за борба со безредијата. Вработените влегле во директен судир со група од 100-150 мигранти. Подоцна избувнал и пожар кој го зафати дрвените колиби во кампот, каде живеат меѓу 1000 и 1500 мигранти. Поголем дел од жителите во кампот се Курди.

Во моментов жителите на бегалскиот камп беа евакуирани на безбедно место.