Рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални се закани дека ќе продолжи да организира големи антикремаљски демонстрации , иако беше ставен во притвор за 15 дена по организирањето на најголемите протести против властите за последните години , соопштува Ројтерс.
Навални сака да се бори против државниот глава Владимир Путин на претседателските избори следната година.
Според оценката мојот активностите на 26 март беа многу успешни , се сврте Навални кон поддржувачите на интернет.За прв пат од 90-тите години истовремено беа преземени активности во руски градови. И покрај фактот дека властите се обидоа да ги заплашат сите … десетици илјади излегоа на улиците. Треба да продолжиме , истакна тој.
Путин, кој доминира во политичкиот живот на Русија во последните 17 година сеуште не открил дали ќе се бори за нов мандат.
Анкетите покажуваат дека Навални нема речиси никакви шанси да го победи рускиот лидер , кој ужива висока поддршка во јавноста. Но опозиционери и неговите поддржувачи се надеваат да го користат интернетот за да привлечат поголема поддршка со откритија за корупцијата на високо ниво, во опкружувањето на Путин.