5 карактеристики на добриот менаџер

од Vladimir Zorba
558 прегледи

Добриот менаџер ги користи достапните таленти и ресурси, за да покаже поддршка и да да ги провоцира најдобро своите вработени. По кои особини можеме да го познаеме?

1. Креативност

Креативноста е она што ја одделува компетентноста од супериорноста. Таа е искрата која ги турка проектите напред и кој го привлекува вниманието на околината. Креативноста е состојката која ги поврзува различните делови во една целина, додавајќи жар кон целиот процес.

2. Структура

Средината и структурата во кои работиме, секогаш имаат сет на параметри, ограничувања и насоки. Добриот менаџер знае како да работи во структурата и да не ѝ дозволува да влијае на процесот или проектот.

Познавајќи ги добро, менаџерот ги води останатите на начин на кој тие да работат ефективно во зададените параметри.

3. Знаење

Длабинска база на знаење е од суштинско значење за добриот менаџер. Знаењата треба да се фокусирани кон вработениот и кон она што тој има потреба да го научи. Одличниот менаџер живее од базата со знаење, без да привлекува внимание кон нив.

4. Посветеност

Добриот менаџер е оддаден на успехот на проектот и на целиот тим. Тој има визија за колективот и го приближува поблиску до крајната цел. Посветеноста на менаџерот е она што го движи тимот напред во најтешките моменти.

5. Флексибилност

Тоа е драгоцен квалитет за секој менаџер. Флексибилноста претпоставува отвореност, која му овозможува на лидерот брзо да ја промени стратегијата, ако тоа е потребно. Тоа е патот кон брзата реакција.