Der Spiegel: Деликатната мисија на наивниот дипломат на Трамп

од desk2
75 прегледи

Присилена насмевка, половина срце при ракување – само за пред камери – токму така ќе изгледа сликата кога во средата, 12 април, државниот секретар на САД Рекс Тиларсон се сретне со својот колега Сергеј Лавров.

Првиот дипломат на Вашингтон пристигна во Москва уште во вторникот, но неговата посета на Русија, насочена во суштина кон демонстрација на добрата волја на САД, ќе се одржи во можно погрешно време, коментира германското издание Der Spiegel.

По американскиот ракетен напад против воздухопловна база во западната сириска провинција Хомс, Москва и Вашингтон се обвинуваат меѓусебно за неуспехот во блискоисточната република. Во сириското прашање Русија – како најблизок сојузник на режимот на Башар Асад – е еден од главните противници на САД.

Иако им е познат на Русите, Тиларсон е апсолутен почетник во дипломатијата, но сепак беше задолжен да оформи првата средба на високо ниво, која ќе одржи претставник на новата американска администрација со владејачката гарнитура во Москва.

До овој момент министерот за надворешни работи на Доналд Трамп стоеше со молчење по прашањата за светската политика. Но во последно време тој се трансформира во еден од најжестоките и крајни критичари на Москва. Тиларсон ја нарече Русија “соучесник” на режимот на Асад поради “неспособноста” на Москва да спречи употребата на боени отровни материи против цивилното население во Сирија.

Како одговор Кремљ исто така го зацврсти тонот нарекувајќи акцијата ја како илегална, односно од гледна точка на меѓународното право истрелувањето на американските ракети “Томахоук” против сириската база немаат правна издражност.

Индикативно за лошото расположение во Москва е одбивањето на претседателот Путин да одржи средба со Тиларсон. Двајцата веќе се познаваат од времето, во кој актуелниот државен секретар на САД раководеше нафтениот гигант “Ексон Мобил”. Во рамките на посетата на Тилерсон во 2013 година Путин не се двоумеше да му врачи со насмевка Орденот на пријателството. Сега сепак лидерот на Кремљ очигледно се обидува да избегне секаков вид активности кои може да бидат протолкувани како специјален третман кон Тиларсон.