Никола Груевски доби фактура од единствена Република Македонија

од Vladimir Zorba
129 прегледи

 

Реакција на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Никола Груевски доби фактура од единствена Република Македонија. Груевски доби фактура од народот којшто избра нова влада и ќе ја формира, пишува во соопштението-реакција  на СДСМ.

Партијата реагира на денешната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој рече дека „разбира оти СДСМ има добиено голема фактура која ги притиска и за која имаат скапа кирија“.

Во реакцијата СДСМ пишува дека граѓаните масовно гласале за промени и правда и дека тие 700 илјади гласови се преточени во 67 пратенички мандати кои го сочинуваат новото мнозинство.