Британското разузнавање го предупредило уште во 2015 година САД за контакти меѓу екипата на Трамп и Русија, соопшти Си Ен Ен  повикувајќи се на информирани извори.

Откривањето  на контактите  се случило при рутинско следење  на активностите на руските агенции. Други западни разузнавачки агенции, вклучувајќи германска, полска и австриска, исто му предале на САД податоци за контакти меѓу блиското опкружување на Трамп и Русите до средината на 2016 година

Службите им предале разузнавачките информации на САД при рутинска размена на информации.

За време на претседателската кампања во САД Трамп беше обвинуван за своите контакти со руското разузнавање.