Стејт департмент: Хемискиот напад во Сирија е воено злосторство на режимот на Асад

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Хемискиот напад во Сирија е воено злоторство на режимот на претседателот Башар ал Асад, соопшти Стејт департментот на САД и ја осуди изјавата на Асад, кој тој ја изнесе во специјално интервју за Франс прес, јави БТА. 

– За жал тоа е типично за Асад. Тој се обидува да прошири лажна информација и да шири конфузија, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Тој ова го изјави како одговор на прашањето за обвинувањата на Асад дека хемискиот напад на 4 април во Хан Шејкун е „сто процентна измислица на САД и на други западни земји“.

– Искрено кажано тоа е тактика, која сме ја гледале дека во минатото ја применува и Русија, рече Тонер.

 

– Речиси е без сомневање дека последните напади со хемиско оружје во провинцијата Идлиб се извршени од сирискиот режим, додаде тој.

– Тоа не е само нарушување на законите, туку и воено злосторство, додаде Тонер.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права во нападот во Хан Шејкун загинале 87 лица