Б92:Амбасадата на САД предупредува на будност за време на празниците

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Американската амбасада во Приштина ги предупредила своите граѓани кои престојуваат таму на поголема внимателност за време на велигденските празници, објави Б92. Како што стои во соопштението, амбасадата ги предупредува да избегнуваат јавни собирања, фестивали и јавни настани.

„Да се оддржува висок степен на будност  и да се преземат чекори за сопствена безбедност. Во случај да има терористички напад во градот во кој се наоѓате, следете ги упатствата на локалните служби и пратите предупредување до амбасадата“, се вели во соопштението.

Заменик министерот  на косовската полиција Милан Радивојевиќ за Танјуг  изјавил дека за време на празниците имаат посебен оперативен план, но не ја објаснил причината за тоа.

Радивојевиќ нагласил дека на сите припадници на полицијата кои се на одмор им е наредено да се врата на работа, а работното време од 8 часа е продолжено на 12 часа. На сите им е забрането да земаат годишен одмор.

Тој ниту демантирал, ниту потврдил дека причината за ова е можност од терористички напади на Косово на што предупредува амбасадата на САД, ниту пак можноста од протести заради враќањето во собраниска процедура на прашањето за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.