DGSI предупреди дека кандидатите за претседател се соочуваат со “сериозна опасност од екстремисти”.

Генералната дирекција на француската внатрешна безбедност (DGSI) предупреди дека кандидатите за претседател на земјата се соочуваат со “сериозна опасност од екстремисти”, објави “Журнал де диманш”, според кој до учесниците во трката веќе се пратени индивидуални пораки за ризикот од напад. Според тајните служби, напади можат да бидат организирани како против самите претседателски кандидати, така и против нивните канцеларии или блиски луѓе . Кон нив се наведени и конкретни мерки за избегнување на ризикот.
Според шефот DGSI “заканата е сериозна и очигледна”. Во врска со тензиите е почната и прелиминарна истрага од страна на обвинителството. Министерот за внатрешни работи на Матијас Текла одби да коментира за весникот информации за опасностите кои постојат за 11-те ривали. Првиот круг на француските претседателски избори е закажан за 23 април, а вториот круг ќе се одржи на 7 мај. / ТАСС