Највозрасната жена во светот Ема Морати почина во саботата (вчера) во Италија на 117 години.
Тоа го пренесе агенцијата АНСА, повикувајќи се на роднините на Морати.
Ема Морати е родена во 1899 година во општина Чивиаско, областа Пиемонт во северниот дел на Италија. Последните години од својот живот таа ги поминува во својот дом во општина Вербанија. Градот е во истата област на брегот на Лаго Маџоре – големо езеро во подножјето на Алпите на границата со Швајцарија.
Ема Морати беше последниот познат жив човек од XIX век.