Младиот телевизиски и филмски продуцент Питер Кејси е познат со учеството во “Вечерното шоу со Дејвид Летерман” – хумористично телевизиско шоу што се емитува 22 години по американската телевизија CBS.
Кејси освои награда “Еми за најдобро сценарио” во 1994 година. Наградата беше за хит комичниот ситком “Фрејзер”.
Американскиот продуцент Питер Кејси е познат и со екстравагантниот начин на живот. Питер ги сака големите празнувања. Има навика да поканува по 100-тина лица на забавите, поради што пред неколку дена реши да си купи нова палата.
За скромните 2,3 милиони долари Питер доби 242 квадратни метри површина медитерански луксуз во скап кварт на Лос Анџелес, Холивуд Хилс.
Новиот дворец е поранешна сопственост на неговиот колега Рид Каролин, продуцент на популарната лента “White House Down” (2013). Каролин го напушти медитеранското имот во Холивуд Хилс пред речиси една година, а почетната цена беше 3 милиони долари. Но цената му падна и како што гледате Питер тоа го искористи.
Медитеранскиот имот е изграден во 1920 година. Тоа претставува двокатна градба со 3 спални, 4 бањи.
Како изгледа новонабавениот дворец на продуцентот на “Фрејзер”, Питер Кејси, погледнете во нашата галерија.