(ВИДЕО) Уапсен еден од организаторите на масакрот во Санктпетербургското метро

од desk2
81 прегледи

Близу до руската престолнина Москва е уапсен еден од организаторите и помагач на бомбашот-самоубиец во метрото на Санкт Петербург, кој се саморазнесе на 3 април. Тој се занимавал со подготовката на терористот-самоубиец Акбаржон Џалилов. Според информациите, организаторот на нападот е приведен во Одинцовскиот регион на Подмосковјето.

Ова беше објавеноа од Центарот за односи со јавноста на Федералната служба за безбедност на Русија. Според прелиминарните податоци, станува збор за 27-годишниот мигрант од Централна Азија Аброр Асимов. Според информациите на специјалните служби, токму овој човек се е занимавал со непосредната подготовка на камиказата Акбардон Джалилов.

Во моментов уапсениот се наоѓа предо истражна комисија на Русија. Експлозијата во метрото на Санкт Петербург избувна на 3 април меѓу станиците “Технологически институт” и “Сеннаја плоштад”. Како резултат на нападот загинаа 15 лица.