Focus: Меркел им го предала на британските тајни служби досието на Путин

од desk2
76 прегледи

 

Германскиот канцелар Ангела Меркел им го предала на британските тајни служби досието на претседателот на Русија Владимир Путин, собрано од германското разузнавање, соопшти Focus.

Повикувајќи се на свои извори во германските тајни служби, изданието тврди дека во октомври 2015 година Меркел ја посетила официјалната резиденција на британскиот премиер Дејвид Камерон во Чекрс, Јужна Англија. Таму таа се сретнала со раководителите на МИ6 и МИ5 – Алекс Јенгр и Ендрју Паркер.

За време на разговорот тие ја предупредиле за можни напади на територијата на Германија. Таа, пак, им го предала досието на рускиот претседател Владимир Путин и материјали за ситуацијата во Крим. Весникот забележува дека Меркел официјално не ги информирала шефовите на германските тајни служби за патувањето, што предизвикало незадоволство меѓу вработените на Федералната разузнавачка служба и Федералната служба за заштита на Уставот на СРГ.

Покрај тоа, според податоците на Focus, Меркел не ги информиралаа германските разузнавачи и контраразузнавачи за преносот на информациите на Британците. Ангела Меркел треба да ја посети Москва на 2 мај.

Во нејзината програма е предвидена средба со претседателот на Русија Владимир Путин. Последниот телефонски разговор меѓу Путин и Меркел се одржа на 7 февруари. Тогаш лидерите на двете земји се изјаснија за итно обновување на режимот на прекин на огнот во Украина.