(ВИДЕО) Сателитски снимки го покажаа тајното оружје на Ким Јонг Ун

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Експертите велат дека сателитските снимки на голем број рурални области во Северна Кореја ја покажаа тајната мрежа на воени објекти на Ким Јонг Ун, вклучувајќи и подземни бази.

Според д-р Џејмс Хоара, кој работел во британската амбасада во Пјонгјанг, фотографиите прикажуваат мрежа од подземни објекти за нуклеарни тестирања на Ким, пишува “Дејли Стар”. Веста беше соопштена во позадината на масовната парада во Пјонгјанг, која има за цел внесување на страв во САД и јужнокорејската армија.

Но д-р Хоара предупредува дека американскиот претседател треба да се плаши најмногу од скриената закана. “Може да знаете што има на површината, може да имате сомневања за тоа што има одоздола. Но нема гаранции дека кој и да е удар по нуклеарните објекти би ги уништиле сите од системот “, појаснува тој.

“При тоа вие си играте со опасноста да го провоцирате без прво да сте ги разоружале”, додава експертот. Бегалци од Северна Кореја им помагаат на САД да направат детална карта на подземните инсталации во земјата.

Според проценките на американската армија, таму има меѓу 6.000 и 8.000 подземни бази. Плус тоа во земјата има и околу 84 тајни подземни тунели долж границата со Југот, а некои од нив се доволно големи за да собере возови и тенкови.