Шиењето на фустан на Мишел Вилијамс за „Оскарите“ траело преку 800 часа

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Убавиот  фустан на Мишел Вилијамс од овогодинешната церемонија на “Оскар”  било создадено од рацете на десетина шивачки од модната куќа “Луј Вуитон” и тоа за 800 часа! Елегантниот фустан комбинира црно кадифе со крем долен дел, везен рачно со дијаманти и бисери, и е дело на уметничкиот директор на брендот – Николас Геские. “Ми се допадна комбинацијата меѓу кадифе, што според мене крие машкост, и женственоста на везениот со кристали и бисери тул. Изгледа неверојатно” , а истовремено со тоа носи и така типична париска ненаметливост”, изјави самиот Геские пред списанието “ИнСтајл”. А присуството на францускиот шик со лесен ретро бриз не е случајно. Претходно Кејт Јанг, стилистката на Вилијамс беше издала за “Вог” дека инспирацијата за дизајнот е дојдена покрај слика на Жан Себерг -американска икона на француското “њу вејв” кино.