Еден од најголемите музички настани во Калифорнија напролет неспорно е Coachella. Фестивалот, на кој Kendrick Lamar го претстави својот нов албум DAMN, а култната Radiohead доживеаја техничко фијаско, Lady Gaga докажа дека има сили за нов сингл, беше најмногу очекуваната најава за летните музички настани на 2017 година.
Па, оваа година имаше незадоволни љубовници, но затоа пак како секое издание на фестивалот – ѕвездите не пропуштија да покажат најлуда облека, фризури и да го покажат својот нов статус на слободни или врзани.
Кајли Џенер провоцира со неколку секси фустани и перики во пенливи бои, огорчувајќи го поранешиот дечко Tyga. Тој пак се посвети на машко друштво. Озборувања покажуваат дека нејзината сестра Кенди сепак никако не се обидувала да држи дистанца со раперот ASAP Rocky и во една од фестивалските вечери двајцата се оддале на бурни милувања.
Со обновен статус се појави и Кејти Пери. Откако раскина со Орландо Блум, пејачката си направи ултра кратка фризура и го посветува своето време на мода и музика. Главниот дизајнер на Moschino Џереми Скот цела вечер се снимаше со неа и други свои популарни клиентки – пред фотографите тој позира со Кајли Џенер и Рита Ора.
Новата вљубена двојка Селена Гомез и Weeknd речиси не се одделија еден од друг, освен во моментот во кој се покажа дека пејачот е тајниотшлаг на тортата за време на втората вечер од фестивал.