Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис порачал да започне процес за спроведување на проценка на нуклеарниот потенцијал на земјата , кој треба да одговара на современите закани. Ова го изјави официјалниот претставник на военото министерство Дана Вајт, цитирана од агенциите.

Портпаролот појасни дека министерот порачал да почне подготовка на извештај, кој ќе му биде претставен на претседателот Доналд Трамп на крајот на годината.
Последниот извештај со оценката на нуклеарниот потенцијал на земјата беше изготвен за време на првиот мандат на претседателот Барак Обама во 2010 година
Според американски претставници во извештајот се очекува да биде обрнато посебно внимание на Русија, Кина, Северна Кореја и Иран.
Демократите истакнаа дека оценката на нуклеарниот потенцијал на САД може да овозможи да се избегне трка во вооружување.