
Меј истакна дека кога стана премиер на Велика Британија, на земјата и требало стабилност и таа го постигнала.
Велика Британија ја напушти ЕУ и нема враќање назад, појасни таа.
Според неа потребни се предвремени избори, бидејќи другите партии се противат на плановите на владата за Брекзит.
Владата, според нејзините зборови , има план за Брегзит, кој ќе им овозможи на Велика Британија да ја врати контролата над законите и граници. Тоа е вистинскиот пристап и е во национален интерес, но другите партии се противат, се пожали таа.
Државата се обединува, но не и Вестминстер, смета таа.
Таа додаде дека не е подготвена да дозволи нејзините ривали да му наштетат на преговорите за Брекзит.
Ако сега не се одржат избори, игранките ќе продолжат, појасни Меј и додаде дека неодамна достигна одлуката за предвремени избори.
Според неа парламентарните избори ќе “гарантираат безбедност и стабилност ” во наредните години.