Пипа Мидлтон ги брка убавиците од свадбата

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Пипа Мидлтон се радува за претстојната свадба со Џејмс Метјуз во мај, но колку повеќе се приближува најавениот датум, толку повеќе идната невеста е загрижена дека некоја друга може да ја засени по убавина на овој важен за неа ден.

Излегува дека Пипа не ја сака на свадбата и вереницата на братот на својот младоженец Метјуз – Вог Вилијамс. Проблемот е во тоа што Вилијамс е телевизиска водителка и модел со илјадници фанови во Instagram. На страницата  во социјалната мрежа често се појавуваат фотографии на кои таа е во долна облека и ја демонстрира својата одлична фигура.

“Јасно е дека Пипа не сака во таков важен ден да се натпреварува за убавина со телевизиски ѕвезди”, соопштил извор близок до семејството пред The ​​Sun и додал: – Пипа смета дека односите на Вог и Спенсер се уште премногу скори, едвај неколку месеци и уште е рано девојката да биде претставена официјално пред семејството. Но сите се во шок, бидејќи Спенсер е нејзин иден роднина. ”

Деновиве стана јасно дека Пипа не сака на свадбата и друга ѕвезда – Меган Маркел, љубената на принцот Хари. Причината е иста – страв да не го привлече вниманието врз себе.

Меган навистина не добила покана за прославата, бидејќи Пипа имала правило “нема прстен – нема партнер”. Значи таа поканила само парови кои официјално се или ќе бидат во брак.

Пипа Мидлтон и Џејмс Метјуз се заедно неколку години. Предлогот за брак таа го доби минатото лето со додаток брилијантен прстен во вредност од 200 илјади фунти.

Свадбата е закажана за 20 мај. Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе бидат исто така на свадбата – 3-годишниот принцот Џорџ ќе биде девер, а принцезата Шарлот ќе биде деверуша.