Започна денот за размислување и одлуки во Франција. Предизборната кампања во земјата заврши на полноќ.
Кандидатите за претседател на Франција, кои ќе се борат на првиот круг утре, имаат приближно израмнети шанси велат аналитичарите. Анкетите ја зацврстуваате прогнозите за изедначена битка, а новиот француски претседател да биде избран во вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај.
Потсетуваме дека кандидатите за претседателската функција во Франција се центристот Емануел Макрон , конзервативецот Франсоа Фијон , десничарската Марин Ле Пен и кандидатот на левицата – Жан-Лук Меланшон.
Изборите во Франција ќе бидат одржани под засилени мерки за безбедност , поради атентатот на булеварот “Шан-ж-Елизе” во Париз , кој се случи овој четврток . Според мислењето на аналитичарите нападот може да влијае на крајниот резултат на претседателските избори во земјата. Слично мислење изрази и претседателот на САД Доналд Трамп.
Во земјата се забележува и незадоволство од големиот прилив на лажни вести кои се однесуваат на кандидатите за претседател на Франција, кои се шират главно по социјалните мрежи.
Потсетуваме дека еден полицаец беше убиен, а двајца други се повредени при пукање пред напаѓачот да биде ликвидиран. Претходно денеска стана јасно дека француските власти го идентификуваа напаѓачот од нападот во Париз, за кој одговорност ја презеде “Исламска држава” . Тоа е 39-годишниот француски државјанин Карим Шорфи. Тој живеел со својата мајка во источното париско предградие Шел. За него е јасно уште дека не бил на листата за следење на осомничени екстремисти, иако бил во затвор за напад врз полицајци во 2005 година , соопшти БНР.