Денес на 20. Скопски филмски фестивал во киното „Милениум“ ќе играат во 17 часот „2001 , Одисеја во вселената“ на Стенли Кјубрик, во 20 часот ќе биде прикажан „Младиот Карл Маркс“ на Раул Пек и во 22 часот е „Кралицата на Шпанија“ на Фернандо Труеба.
Во Кинотеката на Македонија , во 19, 30 часот е најавена филмската програма за деца„Креираме заедно“. Филмовите се синхронизирани на македонски јазик, со адаптиран превод на лица со оштетен слух.
На програмата во „Милениум“ за утре се најавени: „Пеколен портокал„ на Кјубрик (17 часот),„Куќата на вицекралот„“ на Гуринден Чада (20 часот) и „Сурово“ на Џулија Дукорно од 22 часот. Во Кинотеката ќе се прикажат „Загубени во Париз„ на Доминик Абел и Фиона Гордон(17 часот), „Сафари“ на Улрих Зајдл(19 часот) и „Ноктурно“ на Бертран Бонело во 21 часот.
С.В.