Си-Ен-Ен: Како руските тајни служби се обиделе да се интегрираат во штабот на Трамп?!

од Vladimir Zorba
88 прегледи

ФБИ на САД добило минатото лето податоци дека руски тајни служби се обиделе да ги користат без нивно знаење советниците и помошниците на Доналд Трамп со цел да се интегрираат во предизборниот штаб на републиканскиот кандидат.

Ова го соопшти во петокот телевизија Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани претставници на САД, пренесоа агенциите. Според Си-Ен-Ен “најновите информации” во уште нејзиното предавање на оваа тема “ја дополнува новата слика како Русите се обидувале да влијаат врз предизборната кампања во САД од 2016 година не само преку хакирање на пораки и пропаганда, но и како да се имплементираат во тесниот круг од најблиските до Трамп лица”.

Телевизијата ги именува меѓу овие неволни “помагачи” на руските служби Картер Пејџ, кој работел кратко време како советник на Трамп.

Изворите за CNN рекле дека самиот Пејџ не се сомневал кој точно се обидува да го искористи и со каква цел. На 19 април “Њујорк тајмс” информира дека ФБИ почна поинтензивно да ги испита сомневањата за врски меѓу Русија и Доналд Трамп по посетата на Картер Пејџ во Москва во јули 2016 година, каде Американецот зборуваше пред високото Руско училиште за економија. Минатата недела во “Вашингтон пост” помести статија според која ФБИ уште минатото лето добило судска дозвола да го прислушува Пејџ, кој тогаш работел во штабот на Трамп. Според судијата Пејџ “можеше да дејствува како агент на друга држава, во случајот Русија”.

Самиот Пејџ, изјави дека оваа информација буди тревога и ги потврдува сомневањата за “незаконско и политички мотивирано следење”, на што го подложуваат властите. Претходно овој месец сајтот “Безфијд” соопшти дека во 2013 година Пејџ разговарал со рускиот државјанин Виктор Подобни против кого подоцна во САД биле покренаи обвиненија дека дејствувал како нерегистриран странски агент. Пејџ потврди дека имал контакти со Подобни, без да знае дека тој може да е странски агент. Истовремено Пејџ, изјави дека не му се обезбедени никакви тајни податоци.