Што не знаеме за равиолите?

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Равиолите се водат како вид паста и се едно од најомилените јадења не само за Италијанците, но и за голем дел од населението во светот. Постојат стотици начини за сервирање и подготовка на ова вкусно јадење. Дали со мелено месо, со пилешко, со зеленчук, со крем или доматен сос, тие се погодни за јадење во секое време.

foodpanda, избра забавни факти за италијанскиот специјалитет, кои не ги знаете.

За првпат се подготвуваат равиоли во Венеција во XIV век.

20 март е прогласен за национален празник на равиолите.

Обично се варат и сервираат со добро зачинет сос.

Во некои делови на Италија подготвуваат равиоли директно во сос.

Тестото се подготвува лесно- јајце, брашно, сол, маслиново масло, вода. Големината на равиолите е колку лажица.

Во Индија равиолите се познати како “Гуија” што е национално јадење, но се подготвува со фил од слатко, суви плодови, шеќер и мешавина од зачини.

Во Русија равиолите се познати како кнедли.

Светскиот рекорд за најмногу приготвени равиоли се постигнува во Санкт Петербург во 2013 година.