Во новата рекламна кампања на Calvin Klein за последните предлози при долна облека, режисерката Софија Копола собира во една лента жени од неколку генерации.
Заедно до 18-годишните модели застанува и 73-годишната Лорен Хатон. Во персоналната селекција на Копола падна уште Рашида Џонс, Маја Хок, Лора Еја и Кирстен Данст.
Самата режисерка, на прашање од новинарите зошто прифатила сличен ангажман, рече: “Ја обожавам целата американска идеја на Calvin Klein за жените и за мажите.”
“Старите реклами на Аведон (Ричард) со Енди Мекдауел, фотографиите од 90-те со Кејт Мос … имам чувство дека овие кадри имаа големо влијание врз мене во раните мои години.”, раскажа Копола.
Ете затоа решив да покажам вистинските тела во рекламата за долна облека – паметни жени со вистински тела, достапни луѓе, без разлика на нивната возраст.
Сакавме да ја покажеме убавината во женските тела без разлика на нивната возраст и потекло. Сликите се во црно и бело и имаат за цел повторно да провоцираат.
Во видеото, дел од кампањата, 73-годишната Лорен Хатон ја раскажува својата лична приказна од минатото.
Сите кадри од рекламната кампања можете да ги разгледате во нашата галерија.