Пронајден мртов Куба Гудинг постариот

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Пејачот Куба Гудинг Постариот, кој го испеа хитот Everybody Plays the Fool во 1972 година, беше пронајден мртов во својот автомобил во Лос Анџелес, соопштија американските медиуми. Причините за смртта се испитуваат. Во автомобилот биле пронајдени прибор за примање на дрога, како и алкохол.

Куба Гудинг постариот станува познат со хитот Everybody Plays the Fool на групата “Мејн ингридиент”. Песната му овозможува на семејството да се пресели од Бронкс во Јужна Калифорнија.

Таткото на Куба Гудинг постариот се преселува од Барбадос во Куба – оттаму и името на неговиот син, кој од своја страна го крштава својот син со истото име – Куба Гудинг Џуниор, кој е популарен холивудски актер.

Пред да успее во неговата кариера на музичар, покојниот бил возач на такси во Менхетен.