“Човекот има три патишта за да постапува мудро: првиот, најблагородниот- на размислување, вториот, најлесниот – следење, третиот, најгорчливиот – на искуството.”
Конфучие е кинески филозоф роден во 551 година пр.н.е. во семејството на осиромашен благородник. Според некои историски извори тој е вонбрачен син.
Во младоста работел како администратор, но постепено успеал да се издигне до министерот за правда. Конфучие патувал многу и ги проповедал своите идеи и политички ставови.