Шлем на Дарт Вејдер, изработен од чисто злато, ќе биде продаден на аукција во Јапонија, а неговата првична цена е вселенски 1,4 милиони долари.
Бижутериската марка “Гиза Танака” претстави денес 15 килограмска скулптура на познатиот шлем на најголемиот негативец во филмот. Таа е направена во чест на 40-годишнината од излегувањето на првите филмови од серијалот “Војна на ѕвездите”, кој ја раскажува приказната на Вејдер и неговото семејство.
Наддавањето за шлемот ќе започне на 4 мај – датум познат на фановите на научната фантастика како “Денот на” Војна на ѕвездите “.
Освен шлемот “Гиза Танака” планира да постави и монети, направени специјално во чест на годишнината, кои ќе чинат помеѓу 1200 и 11 000 долари. Во оваа година јапонската марка ја слави својата 125-та годишнина.
Низ годините бижутериската компанија создавала и други необични предмети од чисто злато како самурајски меч, елка и левата нога на фудбалската легенда Лео Меси.