“Акцијата е основен клуч за сите успеси.”
Пабло Пикасо е шпански сликар и скулптор, роден во 1881 година во Малага, Шпанија. Креативноста му минува низ различни периоди. Пикасо е прогласен за најдобар уметник во последните 100 години, како и за најскапиот и најкраден.
Интерес кон цртањето манифестира уште од раното детство, а првите лекции ги добива од својот татко. Во 1900 година заминува за Париз. Живее сиромашно и дури морал да ги гори сликите, за да не умре од студ.
Периодите во кои твори се син и розов период, африкански период, аналитички и синтетички кубизам, неокласицизам и надреализам, пацифизам, медитерански период.