
Армијата на Ким Јонг Ун се подготвува за војна, а за таа цел пукаа со ракети и торпеда по бродови-макети на непријателот во текот на “најголемите” артилериски вежби некогаш изведени во историјата на Северна Кореја„. Маневрите се одржаа во вторникот, пишува весникот “Дејли Меил”.
Стотици тенкови беа наредени еден до друг во крајбрежниот град Вонсан како демонстрација на сила по повод прославата на 85-годишнината од формирањето на Армијата на Северна Кореја. Ким ја поздрави армијата, додека гледаше како се одвиваат вежбите.
Во рамките на маневрите се пукаше од над 300 артилериски орудија. Беа одработени и напади со торпедо. Само ден подоцна Јужна Кореја започна заеднички вежби со САД близу град Почеон, во близина на границата со Северна Кореја.