(ВИДЕО) Уапсeни десетина терористи на “Исламска држава” во Калининград

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Руските власти уапсија 12 лица во Калининград под сомнение за врски со екстремистичката група “Исламски џихад – џамаат муџахедин”, информира ТАСС.

Уапсените се со централноазиско потекло. Можно е да се вмешани во регрутирањето на членови за меѓународната терористичка организација, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија. Утврден е лидерот на терористичката ќелија, кој е баран во Узбекистан за злосторства со екстремистичка насоченост. Тој наводно, признал за учество на свои роднини во терористичката организација. Во мрежата се појави и видео од апсењето на терористите.