(ВИДЕО+ФОТО) Сириски медиуми: Израел го бомбардира аеродромот во Дамаск!

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Сириски медиуми тврдат дека израелско летало го бомбардирал меѓународниот аеродром во главниот град Дамаск, по што се појави видео од инцидентот, кое  покажа повеќе експлозии, пренесува израелскиот телевизиски канал i24news.

Според медиумите во Сирија, израелските воздухопловни сили  локацијата ја гаѓале пет пати. Израелската телевизија побарала коментар од одбрамбените сили во Ерусалим, од каде не добиле информација. Сириските медиуми кои го обвинуваат Израел за бомбардирањето на аеродромот во Дамаск, се поврзани со опозицијата во земјата, коментира израелскиот весник The Times of Israel.

Повод за  информацијата е дека некои медиуми во Сирија го обвиниле Ерусалим за нанесување на воздушен удар,  кој довел до експлозија и пожарот во реонот на меѓународниот аеродром во сирискиот главен град. Засега нема потврда за причината за инцидентот како од сириски, така и од израелски извори.