Москва: Едвард Сноуден може сам да одлучи до кога да остане во Русија

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Екс соработникот на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден може без да биде принуден да одлучи колку време ќе остане во Русија. Ова го изјави во средата во интервју за “Јаху Глобал њуз” портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, цитирана од агенциите.

“Според мене тој одлука ќе ја доенсе самостојно”, рече Захарова,  коментирајќи го прашањето дали Сноуден може да остане на неодредено време во Русија.

“Никогаш не сме се сретнале, никогаш не сум разговарала со него. Тој едноставно е човек, има сопствена волја, може самостојно да одлучува каде ќе живее”, констатира портпаролот на руската дипмломатија. Запрашана дали руските власти размислуваат под какви околности би го предале Сноуден на САД или би го прогониле, таа потврди: “Не можам ништо да додадам кон горе казаното. Тој сам ќе одлучи”. Адвокатот на Сноуден Анатолиј Кучерена соопшти за ТАСС дека новата администрација на претседателот Доналд Трамп уште не се поврзаа со поранешниот соработник на АНС. “Не, никој не се обидел да влезе во врска со него. Според мене Сноуден изјавил дека веќе има позиција и таа останува без промена. До денес промени нема, тој живее и работи во Русија”, рече правникот. Сноуден избега од САД, откако во 2013 година откри тајни информации за шпионски операции на Вашингтон, особено за прислушување на странски лидери. Тој упатил молби за азил до над 20 земји, вклучувајќи ја и Русија. Од 1 август 2014 година тој доби дозвола за престој во федерацијата и оттогаш се наоѓа на руска територија.