Анкета: Читателите на „Тајмс“ мислат дека Брегзит бил грешка

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

Поголемиот број Британци денес веруваат дека одлуката донесена на референдум за излегување од Европска унија била грешка, покажуваат резултатите од анкетата спроведена меѓу читателите на лондонскиот дневен весник „Тајмс“.

На прашањето дали Велика Британија била во право или не кога се одлучила за Брегзит, 45 отсто од читателите на „Тајмс“ одговориле негативно, додека 43 проценти мислат спротивно.

Анкетата е спроведена од маркетинг агенцијата „ЈуГов“ (YouGov) преку интернет, при што биле испитани 1.590 возрасни Британци.

На минатогодишниот референдум за Брегзит се изјасниле 52 отсто од граѓаните.

Поголемиот број испитаници, 48 проценти оцениле дека актуелната премиерка Тереза Меј е најдобра, додека 18 отсто го посочиле лидерот на опозицијата Џереми Корбин, а 33 проценти не навеле никого.