ДУИ го демантира Алсат-М: Манипулативен сензационализам- не сме се криеле!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција целосно го демантира како велат пропаганден прилог на телевизија Алсат каде се апострофираат пратениците на ДУИ дека наводно не биле нападнати од страна на демонстрантите и го сметаат како тенденциозен, поттикнувачки и како целосно шпекулативен прилог.

Алсат: Пратениците Мукоски и Василевски им ги отвориле вратите, а Тарчуловски ги носел да ги тепаат колегите

„Без пратениците на ДУИ нема да имаше нов Претседател на Собранието и тие стоеја во Собранието се до заедничката евакуација од страна на полицијата додека во меѓувреме им помагаа на многу други пратеници на СДСМ и им подадоа рака и на полицајците од кои повеќето од нив беа Aлбанци.

Ваквите обработени кампањи и манипулативниот сензационализам се труди за да создаде лажна слика за настаните во Собранието, но Пратеничката група на ДУИ е определена кон една иста линија со партиската политика предводена од Претседателот Али Ахмети за ново парламентарно мнозинство и реформаторска влада и нема да се пренасочат од ваквите непрофесионални кампањи„ се вели во соопштението на ДУИ