(ВИДЕО) Во Париз е страшно: Судир меѓу полицијата и радикални демонстранти

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Денеска во Париз за време на одржувањето првомајската поворка на синдикалните организации, демонстранти влегоа  во судир со силите на редот.. Според податоците на француските власти за време на немирите двајца полицајци се повредени.

Инцидентот се случил додека колоната се движела во источниот дел на француската престолнина од плоштадот на Републиката до плоштадот на нациите.

Причина за него била група радикални демонстранти со маски, движејќи се одделно од главната група луѓе.

Тие ја гаѓаа полицијата со камења и молотови “коктели”. Како одговор полицијата употреби солзавец. Во моментов полицијата ја распрсна толпата, а маршотл на синдикатите бил прекинат за некое време. Не се соопштува за приведени.