ВМРО-ДПМНЕ бара да не се апсат сите, и да се прави разлика од насилниците и тие кои само влегле во Собранието

од Vladimir Zorba
80 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да не приведуваат недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од настаните во четвртокот.

Во текот на вчерашниот ден до партијата допреа информации дека приведени се многу луѓе кои не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги привела, држела со часови во полициска станица, а дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле кривично дело или насилство.

Треба да се разграничи неколкучасовно влегување на граѓани во парламентот, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев од предавничките, антидржавни и кукавички политики на СДС, од нанесувањето тешки телесни повреди.

МВР и обвинителството треба да се свесни дека за да некого приведат или изнесат пред суд, треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело.

Го предупредуваме и министерот во МВР, Нухиу да не врши притисок на вработените во министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основ (со цел да добие политички поени во неговата партија и електорат). Само еден невин уапсен е голем преседан за кој ќе се бара одговорност, доколку се докаже дека бил приведен без основ и докази.