Северна Кореја ги обвини САД дека ја турка Корејскиот Полуостров на работ на нуклеарна војна , откако два стратешки американски бомбардери прелетаа над реонот за време на вежба со воздухопловните сили на Јужна Кореја, соопштува “Ројтерс”.
Двата суперсонични бомбардери B-1B Лансер беа распоредени на позадината на зголемената тензија поради стремежот на Северна Кореја да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми со кршење на санкциите на ОН и притисокот на САД.
Летот на двата бомбардери во понеделникот беше извршен, додека претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е отворен за средба со севернокорејскиот лидер Чен Ким Ун во соодветни околности, иако Пјонгјанг најави дека ќе продолжи со нуклеарните обиди.
Американските воздухопловни сили објавија во соопштението дека Бомбардерите се дигнале од Гуам, за да извршат обука вежби со воздухопловните сили на Јужна Кореја и Јапонија.
Северна Кореја соопшти дека Бомбардерите извршиле вежба пуштање на атомска бомба против големи објекти на нејзина територија. Тоа се случило во момент во кој Трамп и други поттикнувачи на војната секојдневно прават соопштенија за превентивен нуклеарен напад врз Северна Кореја.
” Неразумни воена провокација ја бутка ситуацијата на Корејскиот полуостров во близина на работ на нуклеарна војна “, изјави официјален претставник на Северна Кореја пред Корејската централна новинска агенција.
Тензиите на Корејскиот полуостров се високи со недели поради загриженоста дека Северна Кореја може да изврши шести нуклеарна проба, и покрај притисокот од САД и единствениот голем сојузник на Пјонгјанг – Кина.