Maшко освои натпревар во фотографии по женска долна облека

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Андреј Нагорњи е 20-годишник од руската Сахалиска област, а овие денови остварил занимлив животен успех-освоил на фото-натпреварот во носење на женска долна облека. На натпреварот го пријавила девојката, која се погрижила за неговиот мејкап и ангажирала професионален фотограф, пижува Одити Централ.Очекувале симпатична реакција од страна на организаторите, а потоа останале во позитивен шок после победата.

Андреј ја понесол титулата„Мис авокадо“, но набрзо после тоа останал без победа. Имено, дури отпосле се востановило дека тој е машко и победата е доделена на првата пратителка, поради можните непријатности околу реакцијата на публиката и самите купувачи. Изгледа како девојка, а бидејќи секој може да учествува во нашиот натпревар, ги примивме неговите фотографии и го прогласивме за победник, вели Зеана Столповскаја, менаџерка на дотичната линија на долна облека.

Очекувано, корисниците на социјалните мрежи не биле воодушевени со овој избор-„Идиоти! Сега може да се тужат за полова дискриминација, напишал еден“, а друг се надоврзал:- „Зошто не најавиле полови правила од самиот почеток? Дали и понатаму се само жените дискриминирани? “

Андреј признал дека е среќен поради победата и не му замерува никому ништо, бидејќи и без шминка и женска облека често го заменуваат за девојка.