Електрично Волво целосно ќе биде произведено во Кина. Оваа вест челниците на компанијата Волво ја соопштија на Саемот на автомобили во Шангај.
На пазарите низ целиот свет се очекува да се најде во средината на 2019 година. Не е чудно што Кина е избрана, бидејќи оваа земја има најголем пазар за продажба на електични автомобили. Волво има сериозни планови. Очекува во овој регион да продаде околу еден милион автомобили со целосен електричен или хибриден погон до 2025 година. Само во Кина компанијата има три фабрики каде се склопуваат моделите од серијата “90”, “60” и “40”.