Легендарната американска рок група “Иглс” (Eagles) даде на суд мексикански хотел со името “Калифорнија”.
Според музичарите малиот хотел со 11 соби во мексиканскиот град Баха Калифорнија Сур неосновано се препознава за хотелот од познатиот хит на групата од албумот со истото име од 1976 година.
Мексиканскиот хотел, отворен во 1950 година, се нарекувал така од почетокот, но потоа менува многу имиња и сопственици и во 2001 година се нарекува “Тодос Сантос”. Последните сопственици – канадската двојка Деби и Џон Стјуарт ја поставиле повторно плочата “Калифорнија” и почнале активно да го промовираат хотелот во врска со општо познатиот музички хит.
Притоа музичарите од “Иглс” секогаш раскажувале дека “Хотел” Калифорнија “е напишана не за конкретно место туку за Америка како целина. Тужбата е поднесена во понеделникот во судот во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти ТАСС.
Групата побара прекин на прекршувањата на авторските нејзини права и компензација на нанесените штети. Името Калифорнија го добива северозападниот дел на шпанскиот имот во Америка. По војната на САД со Мексико во 1847 година дел од неа е освоена од САД.
Мексиканскиот дел се нарекува Баха (долна) Калифорнија, и подоцна се дели на Баха Калифорнија и Баха Калифорнија Сур (Јужна Долна Калифорнија). Американскиот дел станува најголемата американска држава под името Калифорнија во 1850 годин.