Основен суд 1: Груевски влегол од службениот влез поради безбедносни проценки

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски влегол во Судот од службениот влез  поради безбедносни проценки на неговото обезбедување кое е од редовите на Министерството за внатрешни работи, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.

За барањето на обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски да се приведат обвинетите кои не беа присутни на денешната расправа, од Судот информираат дека четворица од обвинетите прв пат не се јавиле на главна расправа, а за едно лице кое втор пат не присуствува на главна расправа е издадена наредба за присилно доведување на следната расправа.

Судењето за шамарите во општина Центар е одложено за на 28 јуни поради тоа што петмина од обвинетите беа отсутни. За овој случај освен Груевски обвинет е и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова./24вести